Поскапува регистрацијата на возила

Bez autora
Apr 28 2024

Од денеска граѓаните плаќаат поскапа регистрација на возилата.

Цената на полисата за автодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, сега треба да се издвојат 6.292 денари или 893 денари повеќе. Досега полиса за автоодговорност за восила од 55 до 66 киловати чинеше 6.166 денари. Со промените на цените сега тоа ќе ги чини граѓаните 7.115 денари.

8.233 денари сега ќе се плаќа за полиса за автоодговорност за возило, кое е од 66 до 84 киловати, ставка која досега изнесуваше 7.134 денари. За возило од 84 до 110 киловати новата цена на полисите е 9.820, а досега чинеше 8.510 денари. 15,4 отсто е и зголемувањето на цените на полисите за возила над 110 киловати, односно наместо 10.294 колку што се плаќаше досега, ќе се плаќа 11.878 денари.

За возилата до 44 киловати цената на полисите за автоодговорност остануваат исти.

Се менуваат и доплатоците за полисата за автоодговорност. 30 отсто останува доплатокот за такси возила, но висината се зголемува, со оглед на зголемената цена. Истото важи и за доплатоците за рент а кар возила, за возила кои имаат над 5 седишта, возила кои се товари, како и доплаток за осигуреникот, кој се пресметува според возраста на оној на чие име гласи полисата.

Информацијата за покачување на цените осигурителните компании ја добиле во понеделникот. Биле известени од страна на Националното Биро за осигурување. Во информацијата било наведено дека новите цени треба да се применуваат од четврток.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik